„Алфите“ привеле 175 лица минатиот месец

„Алфите“ привеле 175 лица минатиот месец

Во текот на минатиот месец припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција – Алфа при вршење на редовна мотопатролна дејност, вкупно извршиле легитимирање на 926 лица, потоа извршиле преглед на 242 ПМВ и 60 лица, а по разни основи биле приведени вкупно 175 лица.

По основ на телеграма приведени се 32 лица, по Потрага, Гласник или Наредба од Основен суд – 10 лица, под сомнение за извршено кривично дело – 34 лица, по извршено кривично дело – 11, за издржување на казна затвор – 13 лица, за утврдување на идентитет – седум лица и за недозволени предмети приведени се пет лица;

-Вкупно приведени лица по ЈРМ – шест лица

-за учество во тепачка – три лица

– за физички напад – две лица

-за карање или викање – едно лице

  • За напад на службено лице (чл.383 од КЗ на РМ) – едно лице
  • Вкупно приведени лица со оружје – две лица

-со пиштол – две лица

  • Вкупно приведени лица за поседување опојни дроги – 19 лица

-со НН тревкаста материја – 16 лица

-со НН прашкаста материја – едно лице

-со НН таблети – две лица

  • Вкупно приведени лица со ПМВ – 28

– по телеграма – 25 лица

– сообраќаен прекршок – едно лице

-непоседување на соодветна  документација – две лица

  • Вкупно приведени лица со ТМВ – шест лица

-не поседување на соодветна документација за товар – шест лица

  • Приведени лица со мотоцикл за непоседување на соодветна документација – едно лице
  • Останати активности:

– Предадени 22 лица поради нарушен ЈРМ

– Предадени 21 лице за сторен сообраќаен прекршок

-Предадени 480 странци со нерегулиран престој

-Четири останати случаи за предадени лица

-пронајдени и предадени едно ПМВ и четири други предмети кои потекнуваат  од кривично дело, како и пронајдени две возила барани по телеграма

– предадени четири мотоцикли

Извршени пет обезбедувања на лица и дадени 21 асистенција при вршење претрес на дом и други простории.