„Алфите“ изминатиов месец привеле 221 лице

Припадниците на единицата „АЛФА“ во текот на минатиот месец вкупно извршиле легитимирање на 1.428 лица, потоа преглед на 18 возила, а по разни основи биле приведени вкупно 221 лице.

И тоа, по основ на телеграма 38 лица, Потраги, Гласник, Наредба од Основен суд – пет лица, под сомнение за извршено кривично дело – 19 лица, по извршено кривично дело – 24, на лице место во вршење на кривично дело биле приведени 11 лица, за издржување на казна затвор – 10 лица, за утврдување на идентитет – четири лица и за недозволени предмети приведени се четири лица;

 Вкупно приведени лица по ЈРМ – 37

–    Учество во тепачка – 12

–    Физички напад – 4

–    Омаловажување полициски службеник – 1

–    Комар или други игри на среќа – 14

–    Напад на службено лице – 1

–    Останати прекршоци – 5

 Вкупно приведени лица за поседување опојни дроги – 38

–  тревкаста материја – 30

–  прашкаста материја – 7

–  течност – 1

Вкупно приведени лица со патничко возило – 27

–    по телеграма – 24

–    сообраќаен прекршок – 2

–    сторен царински прекршок – 1

Вкупно приведени лица со товарно возило – 2

–    не поседување на соодветна документација за товар – 2

Вкупно приведени лица со мотоцикл – 2

  • непоседување на соодветна документација – 2

Вкупна дадена асистенција при вршење претрес на дом и други простории –  11.

Останати активности на Единицата:

  • Предадени двајца сторители на кривични дела
  • Предадени 24 лица поради нарушен ЈРМ
  • Предадени 33 лица за сторен сообраќаен прекршок
  • Предадени 293 странци со нерегулиран престој
  • Предадени двајца малолетници и
  • шест останати случаи на предадени лица

–    пронајдени и предадени 2 ПМВ  и еден предмет кои потекнуваат  од кривично дело

–    извршени две обезбедувања на лице место