„Алфите“ минатата година по разни основи привеле 3 696 лица

Припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција – „Алфа“, во текот на минатата 2014-та година при вршење на редовна мотопатролна дејност, вкупно извршиле легитимирање на 14.690 лица, потоа преглед на 2 704 патнички моторни возила, а по разни основи приведени се вкупно 3 696 лица.

Како што соопштува МВР, по основ на телеграма, потраги, гласник, наредба од Основен суд биле приведени 700 лица, поради сомнение за извршено кривично дело – 483 лица, по извршено кривично дело – 260,  на лице место во вршење на кривично дело приведени се 113 лица, за издржување на казна затвор – 109 лица, за утврдување на идентитет – 88, за држење недозволени предмети – 80 лица и странски државјани со нерегулиран престој во Република Македонија – 51 лице.

Во продолжение следува детален преглед на бројот на приведени лица по разни основи.

Вкупно приведени лица по јавен ред и мир – 545

– Физички напад – 94

– Нарушен јавен ред и мир – 267

– Учество во тепачка – 184

Вкупно приведени лица со оружје – 44

–  пиштол – 12

– сингален пиштол – 15

– пушка – 2

– експлозивни и пиротехнички средства – 15

Вкупно приведени лица за поседување опојни дроги – 731

– непозната тревкаста материја – 600

– непозната прашкаста материја – 94

– непознати таблети – 14

– непозната течност – 19

– непозната материја – 4

Вкупно приведени лица со патнички моторни возила – 386

– по телеграма – 248

– сообраќаен прекршок – 113

– поради сомнение за извршено кривично дело – 3

– останато – 22

Вкупно приведени лица со ТМВ – 63

Приведени лица со моторцикл без документи – 24

Вкупна дадена асистенција – 154

– при вршење претрес на дом и други простории – 148

– асистенции по други основи – 6

Останати активности на единицата

– Предадени 166 лица за нарушен јавен ред и мир (тепачка, физички напад, и сл.)

– Предадени четири малолетни лица

– Предадени 27 сторители на кривични дела

– Пронајдени возила барани по телеграма – 27

– Пронајдени и предадени 28 ПМВ и четири мотоцикли предмет на кривично дело

– Предадено моторни возила – 12

– за сторен сообраќаен прекршок – 307 лица

– странци со нерегулиран престој – 507

– останати случаи на предадени лица – 44

– обезбедување – 24

Вкупно извршен спровод на 50 лица

фото: infomax.mk