„Алфите“ минатиот месец привеле 145 лица

Припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција – Алфа во текот на минатиот месец  извршиле легитимирање на 451 лице, преглед на  12 лица и на 72 патнички моторни возила, а по разни основи привеле 145 лица.

По основ на телеграма приведени се 32 лица, по потрага, гласник или наредба од Основен суд  8 лица, под сомнение за извршено кривично дело 18 лица, по извршено кривично дело 11, на лице место во вршење кривично дело биле приведени 2 лица, за издржување казна затворедно лице, за утврдување идентитет – три лица и за недозволени предмети приведено е едно лице;

Вкупно приведени лица за нарушување на јавен ред и мир  се 23 лица, за учество во тепачка 13 лица, за физички напад 2 лица,  за карање или викање 4 лица, за останати прекршоци  лица 4 лица, за напад на службено лице исто така 4 лица.

Единицата „Алфа“ во мај привела вкупно осум лица со оружје, а за поседување опојни дроги  12 лица.  Со патничко моторно возило се приведени 29 лица, а  со товарно моторно возило едно лице.

Во тек на минатиот месец припадниците на единицата „Алфа“ предале  10 лица поради нарушен ЈРМ,18 лица за сторен сообраќаен прекршок, 232 странци со нерегулиран престој.

Извршени се 26 обезбедувања на лице место,  две обезбедувања на протести и митинзи, 15 обезбедувања на лица, изготвени две оперативни информации, дадени осум асистенции при вршење претрес на дом и други простории и една асистенција дадена на други надлежни институции, дадена асистенција  за транспорт на душевно болно лице и обезбедување товарни возови во кои се пронајдени мигранти, се вели во соопштението од МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.