„Алфите“ спасиле девојка која сакала да се самоубие

Гранитни плочи паднале врз работници во Прилеп
Гранитни плочи паднале врз работници во Прилеп

„Алфите“ завчера спасиле дваесет и четиригодишна девојка од Струмица, која сакала да се самоубие скокајќи од балкон од зграда на булевар „Видое Смилески Бато“.

По извршениот разговор утврдено е дека истата неколку месеци живеела со М.А.(31) од Скопје со кого подолго време имале меѓусебни недоразбирања и истиот ден околу 18:00 часот истиот излегол од станот и ја заклучил по што таа по некое време се обидела да изврши самоубиство.

Од страна на полицијата М.А. е приведен и извршен е разговор, а по целосно расчистување ќе следи соодветна пријава.