Алфите во јуни привеле 205 лица

Единицата за прв одговор и интервенција (ЕПОИ)-Алфа во јуни при вршење на редовна мотопатролна дејност, вкупно извршила легитимирање на 539 лица, извршен е преглед на вкупно 109 патнички моторни возила, по разни основи приведени се вкупно 205 лица, а вкупно реализирани активности се 255.

По основ на телеграма приведени се 33 лица, по потраги, гласник, наредба од Основен суд приведени се 8, под сомнение за извршено кривично дело 41, по извршено кривично дело 16, на лице место во вршење на кривично дело 9, додека за издржување на казна затвор приведени се 16 лица, утврдување на идентитет 3, недозволени предмети тројца и странски државјани со нерегулиран престој во Републка Македонија 8 лица.

Нема приведени лица со оружје, соопшти денеска МВР, но приведени лица за поседување опојни дроги се 17 и тоа за непозната тревкаста материја 15, за непозната прашкаста материја и таблети по едно лице.

„Алфите“ асистирале при вршење претрес на дом и други простории во 12 случаи при што се пронајдени:пиштол марка Црвена застава и 35 куршуми, ловна пушка со 17 (седумнаесет) патрони и гасен пиштол, рамка од автоматска пушка со 8 куршуми, кундак од пушка, пластитчен пиштол, 7 кесички прашкаста и 1 со околу 500 грама прашкаста материја, два клуча од патничко моторно возило, брава од автомобил и мобилен телефон, како и пластичен сад со непозната растителна материја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.