„Алиекспрес“ ќе продава руски производи

Кинеската интернет трговска мрежа „Алиекспрес“, која работи во рамки на групата „Алибаба“, планира да продава во Кина стока произведена во Русија, пишува МИА.

Како што истакна директорот за развој на дејноста на „Алиекспрес“ во Русија и Заедницата на Независни Држави (ЗНД), Марк Завадскиј, сега се водат преговори со руските партнери.

Во Кина постои голем интерес за квалитетни странски производи. Руските производители имаат потенцијал да заземат простор меѓу скапата европска стока и евтината кинеска, укажа тој.

Преговорите се водат, како со производителите, така и со трговците, вклучувајќи и големи државни мрежи, објасни Завадскиј.