Алигатор нападна маж на истото место каде што беше убиено дете во Орландо

Еден 58-годишен човек претрпе повреди на десната ногаоткако вчера беше нападнат од алигатор во градот Бушнел, Флоридa што се наоѓа на само еден час оддалеченост од местото каде двегодишно дете беше убиено од еден од овие рептили минатата недела, јавува Мирор.

Телото на двегодишното дете беше најдено „недопрено“ од страна на спасувачките тимови по 17-часовната потрага во лагуната Седум Мориња.

Засега не е позната здравствената состојба на мажот, но, како што информира перифот на Областа Самер во пост на Фејсбук тој со хеликоптер бил пренесен во болница.

Полицијата рече дека алигаторот бил долг околу 3 метри долг. Инаку секоја година во Флорида се регистрираат повеќе напади од алигатори. Само во 2015-тата се забележани 9 поголеми напади, од кои еден бил со смртни последици.