Алигатор нападна двегодишно дете во Oрландо

Алигатор нападна двегодишно дете во Oрландо
Алигатор нападна двегодишно дете во Oрландо

Американската полиција е во потрага по двегодишно дете кое на плажа од хотел на Дизни во близина на Орландо било нападнато од алигатор, јави Си-ен-ен

Инцидентот се случил за време на филмски ноќи на плажа на хотелот Гранд Флоридијан, дел од синџир хотели на Дизни.

– Семејството се одморало во близина на лагуната Севен Сиз, што е дел комплексот на хотелот, и оделе долж брегот на езерото кога алигатор го нападнал детето – изјави Џери Деминг, шериф на округот.

Петчленото семејство со кое било детето е од Небраска.