сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 2

Алигаторот што одвлечка 2-годишно дете е убиен

dete-krokodil

Поврзани вести

Алигаторот одговорен за смртта на двегодишниот Лејн Грејвс на 16-ти јуни бил отстранет од Лагуната на одоморалиштето на Дизни и му била извршена еутаназија, информираат од Комисијата за конзервација на риби и див свет на Флорида, пренесуваат американските медиуми. Комисијата е уверена дека го отстраниле алигаторот одговорен за нападот.

Немаме зборови со кои може да ја опишеме длабоката тага што ја чувствуваме за семејството на Лејн Грејвс. Ние и понатаму ќе го чуваме ова семејствo во нашите срца додека тие ја носат длабоката тага и жал за загубата на Лејн, вели Ник Вајли, извршен директор на Комисијата.

Алигаторот бил фатен и подложен на еутаназија. Врз осднова на експертските анализи и долгото искуство во истрага на фатални напади од алигатори од Комисијата биле во можност точно да утврдат за кој влекач се работи. Властите исто така ги земале во предвид и изјавите на очевидците за местото на нападот, како и за големината на алигаторот.

Инаку, за време на истрагата, експертите „отстраниле“ шест алигатори од областа.

Најчитани вести