Алијанса за Албанците бара ревизија за општина Тетово

Партијата Алијанса за Албанци (АА) во втроникот официјално поднесе барање во Државниот завод за ревизија, со кое бараат ревизија во Општина Тетово за трошењето на јавните средства за периодот 2015-2017 година.

Алијанса за Албанците се сомнева дека општинските власти ги злоупотребуваат јавните пари во Тетово и лошо управуваат со нив.

Тетовска општинска организација на Алијансата, исто така, ја потсетува градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи од ДУИ,  за ветувањата дадени за време на предизборната кампања за училиштето во Селце, Речица, јавниот транспорт и многу други проблеми за кои не се презема ништо во Тетово.

„Се обративме до Државниот завод за ревизија, за да спроведат финансиска контрола во Општина Тетово за годините 2015/2016/2017 година во управувањето со финансиски средства, каде што ние се сомневаме дека имаме злоупотреба и лошо раководење со буџетските средства на даночните обврзници од Тетово. Се надеваме дека државната институција за ревизија на Република Македонија ќе работи независно и дека ќе ги објави: јавните набавки, јавните инвестиции и јавниот долг, единствено поради тоа што граѓаните имаат право да знаат каде одат нивните даноци“, рече Алтрим Мамут, претседател на тетовскиот огранок на АА.