Алијансата ќе остане во владата на Заев

Алијансата за Албанците останува во владината коалиција, соопштил  во денелата за агенцијата МИА протпаролот на партијата Флакрон Беџети, а одлуката била потврдена во саботата на средба меѓу премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села.

Алијансата, како што рекол Беџети, продолжува да биде дел од Владата со своите претходни позиции.

„Средбата беше конструктивна, во позитивен дух, на која меѓу другото се разговараше за продолжување на реформите, со заедничка посветеност на реформската влада. Алијансата за Албанците продолжува да биде дел од Владата со оние позиции кои претходно беа договорени во составот на парламентарното мнозинство и создавањето на реформската влада“, рекол Беџети.

Во однос на тоа дали веќе има наследник на Арбен Таравари на позицијата за министер за здравство, откако тој стана градоначалник на Гостивар, Беџети вели дека уште нема конкретни имиња за оваа владина позиција.

„Прво очекуваме централното претседателство на партијата да назначи лице кое ќе го наследи Таравари, а потоа и ќе излеземе со официјална информација“, одговорил Беџети.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.