Алијансата на Села во недела ќе одлучува дали останува во владата

Алијансата за Албанцитем предводена од Зијадин Села, во недела ќе ја донесе конечната одлука дали да остане во владина коалиција со премиерот Зоран Заев односно со партиите СДСМ и ДУИ со кои заедно имаат 62 пратеника.

Од ДУИ се на ставот дека парламентарното мнозинство е сатабилно со или без Алијасата.

Засега е сигурно само дека Алијансата за Албанците (АА) повеќе нема да го води министерството за здравство откако премиерот Заев решил да не го прифати нивниот предлог за наследник на Арбен Таравари, кој на локалните избори победи во трката за градоначланик на Гостивар. СДСМ веќе и официјално за министер за здравство го предложи поранешниот советник на минситерот за здравство Никола Тодоров и досегашен советник во кабинетот на премиерот, Венко Филипче.

Алијансата, исто така,  не прифати да предложи вицепремиер за реформи што според нив е измислена позиција, по вербалните препукувања преку медиумите со лидирот на ДУИ., Али Ахмети,

Според некои навестувања сосема е извесно дека АА ќе ја напушти целосно владината коалиција, бидејќи нема доволна застапеност во неа, ниту атрактивни ресори во кои нивни кадри би дале свој придонес.

Премиерот Зоран Заев кој изјави дека го  цени тоа што Зијадин Села бил до него за време на безредијата во Собранието на 27-ми април многу му значи, па така оставен е простор тие да останат во Владата и по долгиот период на разговори да се согласат на компромис.

Предлозите за испразнетите места по локалните се очекува пред пратениците да се
најдат на почетокот на наредната седмица, а предлог од АА засега нема, откако
последната средба меѓу Заев и Села заврши без договор.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.