Свет

Алјаска ја легализира марихуаната

Алјаска ја легализира марихуаната

Алјаска е третата американска сојузна држава по Вашингтон и Колорадо, што ја легализира употребата на марихуана за лично уживање.

Мерката усвоена на референдум во ноември, стапува на сила денеска. Лицата постари од 21 година добиваат право да поседуваат до 28 грама марихуана и до шест растенија. Дополнително треба да се изработат одредби за продажба на наркотици.

Пушењето марихуана на јавни места останува забрането, а за користење марихуана на јавно место може да биде санкционирано со казна од 100 долари.