Алкалоид бара кандидати за работа од 14 различни образовни профили

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим, да ги остварите своите амбиции и визија за својот личен успех, доколку сте посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати и доколку размислувате долгорочно, а сè со цел заеднички да придонесеме за растот и за развојот на една од најуспешните компании во регионот, внимателно проследете ја следната информација, пишува Алкалоид во огласот.

А Л К А Л О И Д  А Д  С К О П Ј Е

има потреба од редовно годишно надополнување на базата на потенцијални кандидати од следните образовни профили:

  1. Магистер по фармација – ВСС
  2. Доктор по општа медицина – ВСС
  3. Доктор по стоматологија – ВСС
  4. Хемиски инженер – ВСС
  5. Технолошки инженер – ВСС
  6. Машински инженер – ВСС
  7. Електротехнички инженер – ВСС
  8. Лабораториски биоинженер – ВС
  9. Фармацевтски техничар – ССС
  10. Хемиски техничар – ССС
  11. Медицински техничар – ССС
  12. Електротехничар – ССС
  13. Машински техничар – ССС
  14. Бравари, котлари – ССС

Доколку сакате да влезете во листата на потенцијални кандидати за работни позиции што би се отвориле во текот на годината, можете да аплицирате на еден од следните начини:

– со достава на писмо за мотивација, кратка биографија со фотографија (CV), копија од дипломата за завршено формално образование и на копија од сертификати и од други дипломи на електронската пошта career@alkaloid.com.mk, со назнака „За влез во потенцијалната база на кандидати“;

– со достава на писмо за мотивација, кратка биографија со фотографија (CV), копија од дипломата за завршено формално образование и на копија од сертификати и од други дипломи по пошта на адреса бул. „Александар Македонски“ бр. 12, 1000 Скопје, со назнака „За Одделот за човечки ресурси“ или

– со креирање личен профил на следниот линк: https://career.alkaloid.com.mk.

Можноста за пријавување е отворена во текот на целата година.

Алкалоид АД Скопје го задржува правото, доколку се појави потреба во текот на годината, да исконтактира со заинтересираните кандидати.

Краен рок за пријавување: 31.12.2016

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.