ШК „Алкалоид“: Имаме екстра квалитетна екипа и веќе сме во светската елита

Шаховскиот клуб „Алкалоид“ со меѓународно засилување

Шаховскиот клуб „Алкалоид“ забележа уште една убедлива победа во рамки на екипниот Шампионат на Македонија кој се одржува во Струга и лидер во пресрет на утрешното дерби со Гамбит.

„Алкалоид“ оди на победа

На овој турнир „Алкалоид“ оди на победа, но има и амбиции за освојување на едно од првите три места на претстојниот Европски Шаховски куп кој ќе се одржи во октомври, во Скопје.

На денешната прес-конференција во Струга, шахистите на Алкалоид потенцираа дека се горди на добрата игра, но и на засилувањето со пет еминентни имиња од светски ранг.

Годинава ШК Алкалоид е значително засилен, па некако автоматски клубот се стреми кон првите три места на претстојниот Куп. Рејтингот ни е висок, а ваквите турнири се одлична можност за одржување форма. Нормално, потребна ни е и среќа, пред сé во делот на противниците односно парувањето, кој во глобала ќе одигра голема улога. Досега играме без грешка и тоа е дополнителен мотив. Имаме екстра квалитетна екипа и веќе се вбројуваме во светската шаховска елита, особено имајќи предвид дека моментално се вбројуваме во оние 5-6 екипи кои за ЕЦЦ меѓусебе се снимаат и подоцна се гледаат како дерби мечеви, велат од Алкалоид, пренесе МИА.

 Организацијата во клубот важен предуслов за успешни настапи

Велемајсторот Филип Панчевски ја нагласи организацијата во клубот како важен предуслов за успешни настапи.

Професионалноста на компанијата „Алкалоид“ е пресликана во клубот, а тоа само по себе кажува многу за тоа колку организирано функционираме. Сум играл и во други клубови, сум разменувал мислења и со други странски играчи. Познат е ставот дека „Алкалоид“ е една максимално посветена и професионална екипа. Функционираме максимално синергично, вели интернационалниот мајстор Филип Панчевски.

ШК „Алкалоид“ спроведува долгорочна стратегија за развој и популаризирање на шахот

Дека ШК „Алкалоид“ спроведува и долгорочна стратегија за развој и популаризирање на шахот во Македонија, говори и фактот дека постојано се работи со младите категории уште од најрана возраст.

 Нашиот шаховски клуб има една сеопфатната концепција. Паралелно додека работиме на себе, ние учествуваме и на натпреварувања, а создаваме и млад кадар, работејќи со деца чиј талент во иднина ќе избие на површина. Стандардите на „Алкалоид“ се натпросечни. Но најважно од сé е што пред професионалниот, клубот има и човечки пристап. Тоа е вистинска реткост во светски рамки, истакна велемајсторот Влатко Богдановски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.