Македонија,Економија

,,Алкалоид АД“ оствари позитивни финансиски резултати во првите девет месеци од годинава

,,Алкалоид АД“ оствари позитивни финансиски резултати во првите девет месеци од годинава

,,Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во првите девет месеци од 2015 година. Ова го покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.

Како што информираат од Компанијата, во периодот јануари-септември, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 5.872 милиони денари, што е за 6% повеќе во споредба со истиот период лани. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата, пак, е зголемен за 10%. Зголемување од  1% е забележано и кај добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која во првите девет месеци годинава достигнува 841 милиони денари, додека нето консолидираната добивка од 462 милиони денари е зголемена за 5%, покажува консолидираниот Биланс на успех.

Според единечниот Биланс на успех, пак, во периодот јануари-септември, продажбите достигнуваат 4.492 милиони денари, што е за 3% повеќе во споредба со истиот период лани. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 811 милиони денари, бележи зголемување од околу 1%, додека нето добивката е зголемена за 3%.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – септември 2015 година изнесуваат  530.367 илјади денари.

Во периодот јануари – септември 2015 година во „Алкалоид АД“ се реализирани 79 нови вработувања во Република Македонија.