„Алкалоид“ ги зголемил приходите и добивката

Остварената единечна нето добивка на фармацевтската компанија „Алкалоид“ АД Скопје во првите три месеца од 2018 година изнесува 215.295.000 денари и во споредба
со остварената во истиот период од минатата 2017 година бележи зголемување за 6 отсто.

Остварената консолидирана нето добивка изнесува 246.801.000 денари и во споредба со остварената во 2017 година бележи зголемување за 7 проценти, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – март 2018 година изнесуваат 1.884.989.000 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2017 година бележат пораст од 3 отсто. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 98 отсто, имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2017 година бележат пораст од 4 отсто. Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот jануари – mарт 2018 година изнесуваат 2.518.853.000 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2017 година бележат пораст од 4 проценти. Со остварените во 2017 година бележат пораст од 5 отсто“, соопшти компанијата.

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари – март 2018 година изнесуваат 1.653.635 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2017 година бележат пораст од 3 проценти.

Остварените консолидирани вкупни расходи во периодот јануари – март 2018 година изнесуваат 2.244.405.000 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2017 година бележат пораст од 4 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.