Спорт

„Алкалоид“ главен покровител на кампот „Кирил Лазаров 7“

„Алкалоид“ главен покровител на кампот „Кирил Лазаров 7“

Главен покровител на проектот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“, ќе биде компанијата „Алкалоид“.

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија и генерален директор на „Алкалоид АД Скопје“ Живко Мукаетов истакна дека со поддршката на овој проект се помага во развојот на младите спортисти.

– Грижата за здравјето, здравиот развој на младите генерации и придонесот кој ракометниот камп може да го даде во насока на поставување на цврсти темели за развој на националниот спорт број 1., беа едни од основните постулати поради кои ја дадовме поддршката на овој значаен проект. Познавајќи го капитенот, неговата посветеност на овој спорт и неговите максимални заложби за постигнување што подобри резултати во секој потфат на македонскиот сениорски тим, не се сомневам дека овој проект ќе биде навистина успешен, истакнува Мукаетов.

Ракометниот камп „Кирил Лазаров 7„ кој ќе се одржи во Охрид од 22 до 28 јуни.