Македонија,Економија

„Алкалоид“ го надгради SAP системот со светски водечко решение за управување со човечките ресурси

„Алкалоид“ го надгради SAP системот со светски водечко решение за управување со човечките ресурси

„Алкалоид“ го надгради својот корпоративен систем со едно од најкомплексните и водечки решенија за управување со човечки ресурси во светски рамки, со цел подигнување на нивото на безбедност и здравје при работа и унапредување на професионалниот развој на вработените, синхронизирајќи ги целокупните веќепостоечки бази на податоци.

Конкретно, постоечкиот SAP ERP систем – Enterprise Resource Planning (брендиран од страна на „Алкалоид“ под името AlkaSAP), кој претставува систем за целосно управување со базите на податоци на компанијата, е надграден во деловите: организациски менаџмент, персонална администрација, персонален и развој на вработените, менаџирање на професионални обуки и настани, безбедност и здравје при работа и менаџирање на патувања.

Иако станува збор за еден од посложените проекти од овој тип, тимот на „Алкалоид“ успеа да го реализира за мошне краток период од шест месеци, имплементирајќи ги во целост сите пет фази од истиот.
Согласно стратегијата за инвестирање во напредна технологија, која „Алкалоид“ ја негува речиси осум децении, овој чекор претставува огромен напредок во процесот на создавање додадена вредност од страна на компанијата, за задржување на водечката позиција на македонскиот пазар и уште поуспешен глобален настап.

Во таа насока, според долгорочниот стратешки план, „Алкалоид“ во следниот период ќе го имплементира AlkaSAP решението во уште неколку свои претставништва во странство.