„Алкалоид“ награден за најдобар регионален проект за енергетската ефикасност

„Алкалоид“ награден за најдобар регионален проект за енергетската ефикасност
„Алкалоид“ награден за најдобар регионален проект за енергетската ефикасност

Континуираните заложби на „Алкалоид“ за заштита на животната средина и за енергетски ефикасното работење овој пат беа наградени со престижнопризнание за„Најдобар регионален проектод областа на одржливата енергија“. Проектот „Надворешна реконструкција на објектза производство – Фармација“, финансиран од програмата WeBSEFF (Western Balkans Sustainable Energy Financing Facility), беше награденво категоријата „Енергетска ефикасност при реконструкција на деловни згради“ на свечена церемонија во Загреб. Оваа програма се реализира во следните држави од регионот: Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.

Досегаво„Алкалоид“ се реализирани четири проекти поврзани со кредитните линии на WeBSEFFI и на WeBSEFF II, и тоа: три проекти на локалитетите во Скопје и еден во Србија.

ал2

Првиот проект се однесуваше на пренамена на дел од фабриката за козметички производи во високорегален магацин. Истовремено со овој капитален проект во 2013година се реализрашеи инвестициска активност во Белград, во фабриката за лекови.

Согласно со параметрите изработени од консултантите за овие два проекти, вкупната заштеда на енергија беше поголема од 20 %, со што значително се надминаа параметрите на ЕБОР (Европската банка за обнова и развој) за оценување на подобноста.

Третиот проект се реализираше минатата година и се однесува на надворешна реконструкција на објектот за производство – Фармација и во овој дел заштедата на енергија се движи околу 37 %, додека емисијата на јаглерод диоксид е намалена за цели 30 %.

Четвртиот проект е во тек, а се однесува на реконструкција и пренамена на постоечки објек во Контрола на квалитет – Фармација.

„Алкалоид“ ја прифати можностa за реализирање на одредени инвестициски проекти преку кредитната линија на ЕБОР и на Европската комисија, наменетаза одржлива енергија за земјите од ЈИЕ. Притоа, предложените проекти мора да ги исполнуваат техничките услови во поглед на значително намалување на потрошувачката на енергија или на користење обновливи извори на енергија. Со ваквиот пристап се потврдува квалитетот на изведувањето на новите инвестициски активности во компанијата, како и континуираната грижа за еколошкиот аспект на работењето преку намалување на емисијата на штетни гасови.