„Алкалоид“  со позитивни финансиски резултати во првите шест месец и од годината

„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – јуни 2016 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.

Како што информираат од Компанијата, во периодот јануари – јуни, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 4.197 милиони денари, што е за 4% повеќе во споредба со истиот период лани. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата, пак, е зголемен за 5%. Зголемување од 8% е забележано и кај добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 598 милиони денари, додека нето консолидираната добивка од 326 милиони денари е зголемена исто така за 8%, покажува консолидираниот Биланс на успех.

Според единечниот Биланс на успех, пак, во периодот јануари – јуни, продажбите достигнуваат 3.244 милиони денари, што е за 6% повеќе во споредба со истиот период лани. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 583 милиони денари, бележи зголемување од околу 9%, додека нето добивката е зголемена исто така за 9%. Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – јуни 2016 година изнесуваат 344.331 илјади денари. Во периодот јануари – јуни 2016 година во Алкалоид се реализирани 95 нови вработувања во Република Македонија, информираат од Алкалоид.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.