„Алкалоид“ прослави 80 години постоење

Синоќа во хотелот „Александар палас“ компанија за лекови „Алкалоид“ го прослави 80-годишното постоење.

На роденденската забава присуствуваа многубројна политичка елита, спортски работници, уметници, пејачи, луѓе од бизнис-секторот и уште многу други.

Пред присутните се обрати и генерален директор на „Алкалоид АД Скопје“, Живко Мукаетов, кој рече  дека компанијата и натаму ќе ја остварува својата основна мисија, односно нивното мото „Здравјето пред се“.

„Би сакал да се заблагодарам што денес сте тука со нас, што заедно можеме да прославиме осум децении истражување, развој, иновации и контиурано вложување во основаната мисија на Алкалоид, а тоа подобар и поздрав живот. За да биде Алкалоид така успешен, како што е денес, треба да се заблагодариме на генерациите кои работеа во Алкалоид од 1936 година па се досега“, кажа Мукаетов на синоќешната прослава во хотелот „Александар палас“.

Присутните ги забавуваа гостите од Нови Сад, популарните „Фрајле“, Петар Грашо и Дуке Бојаџиев.

t1

t3

t4

proslava_80-_godini_alkaloid

 

ФОТО: Телеграф.мк