четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 1

„Алкалоид“ во првото тримесечје со добивка од над 208 милиони денари

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 97% имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2015 година бележат пораст од 2%“, стои во образложението на остварените финансиски резултати.

alkaloid

Поврзани вести

Фармацевтската компанија „Алкалоид“, во период од први јануари до 31-ви март оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 208.735.000 денари, покажува неревидираниот консолидиран биланс на успех објавен на Македонска берза.
Истиот период претходната година, компанијата прикажа добивка од 199.178.000 денари.

Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот јануари – март 2016 година изнесуваат 2.190.331.000 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2015 година се на исто ниво. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 97% имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2015 година бележат пораст од 2%“, стои во образложението на остварените финансиски резултати.

Вкупните приходи од продажба на крајот на оваа тромесечје имаа салдо од 2.124.239.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 798.895.000 денари, додека на пазари во странство се остварени 1.325.344.000 денари.  Остварените консолидирани вкупни расходи во периодот од јануари до март оваа година, како што стои во Образложението, изнесуваат 1.949.783.000 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2015 година бележат намалување од 1%.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот од јануари до март оваа година изнесуваат 159.893.000 денари. Вкупните консолидирани обврски по кредити на 31.03.2016 година изнесуваат 255.535.000 денари и во споредба со состојбата на 31.03.2015 година бележат намалување од 22%. Во првото тримесечје од оваа година, во Алкалоид се реализирани 53 нови вработувања во Македонија.

Најчитани вести