„Алкалоид“ за шест месеци со добивка од 4,7 милиони евра

Најголемата фармацевтска компанија во земјава, „Алкалоид“ во првите шест месеци оствари добивка од 286,9 милиони денари (околу 4,7 милиони евра).

Според неревидираниот консолидиран Биланс на успех на компанијата, вкупнот приход од продажба за шест месеци изнесува 3,7 милијарди денари (6 милиони евра ). Лани во истиот период вкупниот приход од продажба изнесувал 3,4 милијарди денари.

Од продажбата на домашниот пазар се реализирани 1,6 милијарди денари, додека пак 2,1 милијарди денари се остварени од продажбата на странскиот пазар.

Бруто добивката на компанијата за овој период е 1,7 милијарди денари (28,7 милиони евра).

Во овој период „Алкалоид“ вработил 43 нови лица.