Спорт

Алкантара повторно ги пецка челниците на Барса

Алкантара повторно ги пецка челниците на Барса

Репрезентативецот на Шпанија и сега веќе стандарден првотимец во дресот на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), Тиаго Алкантара и понатаму останува на ставот дека раководните лица на каталонскиот гигант Барселона се виновни за неговиот трансфер во редовите на германскиот бундеслигаш.

„Мислам дека ја донесов најважната одлука во мојата професионална кариера. Одлуката да се преселам во Минхен можам да ја дефинирам како фантастична. Во Барселона има проблем со лидерството. Јас добив впечаток дека клупските челници не веруваат доволно во мене, не веруваат доволно во мојот квалитет. Сфатив дека е време за нов предизвик, за нова средина. За среќа, потпишав за најдобриот клуб во целиот свет, за среќа добив шанса да играм во германската Бундес лига”, изјави малдиот играч за врска.