Алкохол со сомнително потекло пронајден во локал во Битола

Незаконска продажба на алкохол во скопски локали
Незаконска продажба на алкохол во скопски локали
Инспекциските служби на УЈП синоќа при контрола на угостителски објект во Битола открија алкохол со сомнително потекло (без бандероли), кој се служел на гостите.
Како што соопшти УЈП, повикани биле мобилните царински служби за понатамошно постапување и преземање на мерки.
Парична глоба и мерка времена забрана за вршење на дејност од 15 дена им е изречена и на два малопродажни објекти во Битола откако даночните власти кај нив открија неправилности во финансиското работење, односно неевидентирање на прометот во готово и неиздавање фискални сметки.
Како што наведуваат од УЈП, акцијата во Битола е во рамките на засилените контроли кои се спроведуваат редовно во екот на летната сезона.
Во наредниот период, од УЈП најавуваат дека особено ќе се фокусираат на проверка на работењето на деловни објекти во туристичките центри, со цел превенција од појава на финансиски малверзации и од потенцијален даночен ризик кај определени дејности кои се особено активни во овој период од годината.