Алкохол за подобар секс, или не!?

Алкохолот всушност име мошне депресивно влијание врз нас и предизвикува пад на расположението. Верувале или не, но премн огу алкохол значи и помало либидо.

Еве осум причини поради кои следниот пат пред да имате секс, ќе внимавате на количината алкохол што сте ја испиле пред тоа:

  1. Го поттикнува лошото расположение

Иако ви се чини дека би можеле да танцувате цела ноќ и да ги прегрнувате сите околу вас, алкохолот заправо мошне депресивно влијае врз  вас и предизвикува пад на расположението. Ако сте мрзоволни, тешко ќе биде да се расположите за било каква акција, а камоли за секс.

  1. Ја намалува сексуалната желба

Верувале или не, премногу алкохол значи и помало либидо. Можеби по две чашки сте помислиле дека вашиот партнер е мошне згоден, но по осмата чашка помислувате само колку би било убаво само да си легнете да спиете.

  1. Исушеност

Ништо нема да ви го убие расположението како неможноста да ја завршите работата до крај, затоа што тој заспал. Алкохолот го уништува начинот на кој мозокот комуницира со остатокот на телото, но тоа не е проблем само кај посилниот поол. И на жените што се под дејство на алкохол ќе им биде многу потешко да се „навлажнат“.

  1. Потешко се стигнува до оргазам

Со оглед на тоа што алкохолот ги затапува чувствата, тоа може да биде причина за потешко да стигнете до оргазмот и ова важи подеднакво и за мажите и за жените.

  1. Незадоволство

Луѓето што редовно пијат, пријавуваат и помало задоволство од нивниот сексуален живот во целост, дури и кога се трезни.

  1. Жените се помалку самоуверени

Многу помалку е веројатно дека пијаните жени ќе иницираат секс. Чудно, но трезните жени се многу посамоуверени по тоа прашање.

  1. Го намалува нивото на тестостерон

А тестостеронот им дава на луѓето здрави ерекции и е гориво за нивниот сексуален нагон. Но по неколку чашки алкохол, нивото на тестостеронот се намалува.

  1. Нереални очекувања

По нив само ќе се разочарате и ќе се чувствувате грозно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.