Aлкохоличари и нарко зависници ќе чистат улици за пиво и цигари

Нарко зависници и алкохоличариво германскиот град Есен ќе работат како чистачи на улици во замена за пиво, цигари и пари.

Акцијата ќе ја раководат социјални работници и ќе се спроведе во централниот дел од градот.

Според весникот Велт, шест луѓе од денеска ќе почнат да чистат улици, да собираат смет за 1,25 евра за час, ќе добиваат топла храна, три шишиња пиво и цигари за пушачите.

Проектот предизвика критики на асоцијации за помош на бездомници кои негодуваат поради ниската сума пари одредена за дневната работа. Тие прашуваа и дали е разумно да им се дава алкохол на зависници и тоа од јавни средства.