Македонија

Ало докторе – 28.762 повици за медицински совет

Ало докторе – 28.762 повици за медицински совет

Вкупно 28.762 повици вкупно од 15.09.2014 година  на 02/15-123  од   кога започна да работи телефонската линија за медицински совет  Ало докторе.

985  повици во изминатите седум дена од 16.03.2015 година до 22.03.2015 година за медицински совет.

21  Доктори се достапни за медицински совет, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.

На сите оние лица кои се јавија на телефонската линија  АЛО ДОКТОРЕ ! им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.

Јавувањата најчесто се со широк спектар на најразлична симптоматологија, кардиоваскуларни, респираторни симптом, кашлица, настинки, покачена телесна температура,стомачен вирус и симптомна болка.

Во кол центарот АЛО ДОКТОРЕ !  секој ден од 18 до 22 часот  за медицински совет се дежурни и достапни Директорите на Јавните здравствени установи.

Др.Милан Ристевски  од Институтот за радиотерапија и онкологија  ќе биде денес од 18 до 22 часот на линијата Ало докторе!,а утре  24.03.2015 година Др.Шубеска Страткова Славица од Клиниката за ендокринологија . На  25.03.2015 год. во кол центарот Ало докторе!  Др.Реџеп Селмани  Директор на Ургентниот Центар ,на 26.03.2015г.  четврток  Др.Аспазија Софијанова Директор на Клиниката за детски болести и во петок на 27.03.2015 год. Проф.Др.Сашко Кедев  од Институтот  за кардиологија.

Во сабота 28.03.2015 на 02/15123  од 18 ч до 22 часот  Др.Александар Шиколе  Директор  на  Клиниката за нефрологија  и на 29.03.2015 год. Проф.Др.Лидија Чевревска  од Клиниката за хематологија.