Македонија

„Ало докторе“ досега со 46.500 повици

„Ало докторе“ досега со 46.500 повици

На телефонската линија 02/15123 за медицински совет „Ало докторе“ од 15 септември, кога почна да работи, до вчера имало 46.500 повици.

Здравствен дом Скопје соопшти дека минатата недела на линијата за медицински совет се јавиле 1.013 лица.

Во последната седмица има повици со широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, стомачен вирус, совети за убоди од инсекти  и симптом на болка.

Најчесто се јавуваат граѓани за совети поврзани  со терапијата  која ја примаат за хроничните  болести, висок крвен притисок и дијабет.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето. Дваесет и двајца доктори се достапни за медицински совет, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.

На сите лица кои се јавиле на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.