Ало наемници, заштитниот чадор ви прокиснува!

На нивните провокации само им рече:

„Нема да ме натерате да ја играм вашата игра. Вас ве интересира само тоа што мислам за Хилари Kлинтон. Ама не и темите околу кои не се согласувам со неа. За нив не сакате да слушне американскиот народ. А, изборите се токму за тоа. Јас сум интелигентен за да влезам во вакво сценарио. Граѓаните кои доаѓаат да ме слушнат сакаат решенија за своите проблеми и за иднината на државата, а не циркус. Сакаат директно да учествуваат во градењето на иднината. Јас сакам да го обединам општеството кое вие упорно сакате да го антагонизирате“.

Ова се вика шах-мат! Ова е политички шах за анализа и дебата, за учење и промислување и во македонските политички табори. Резултатите од прелиминарката во Њу Хемпшир покажаа што се случува кога со влада се раководи како со општествена фирма која е приватизирана по „левичарскиот Бранков модел“ на првобитна акумулација. Го видовме и двојниот пораз на „левичарот“ Џорџ Сорос на домашна почва и тоа откако ги исфинансира сите крвави „револуции“ во Европа и Азија. Тој и овој пат уплати рекет (законски се вика донација) кај Хилари од 6 милиони долари, а Сандерс собра 6 милиони долари од своите анонимни почитувачи кои дарувале секој по 30 долари од својата плата. Па сега видете го „ауткамот“ и тежината, односно, вистинската цена на кредибилноста за која тантори амбасадорот Џес Бејли без да дешифрирал што значи овој поим. На пример, дека политиката која тој ја застапува во Македонија веќе нема никаков кредибилитет кај демосот не само во Македонија туку никаде освен на Kосово, во Полска и балтичките закрепостени феуди. А ја нема ни во државатаод каде доаѓа.

Зошто?

Па еве неколку примери:

САД мислат дека имаат ексклузивно право на гордост и достоинство и дека затоа може неказнето и самоволно да им ги одземаат или негираат на сите други. Верувајќи во својата специјалност, американскиот естаблишмент е изненаден што остатокот од светот буквално ужива во провокацијата на иранскиот журнализам со преобјавување на видеото од апсењето на маринците кои илегално влетаа во туѓа држава како во своја прчија. Биле јавно понижени? Види мајката! Па, ние катаден трпиме понижувања од „дипломатски акции“ на Џес Бејли на македонски терен. На пример, ја трпиме „мисијата“ на неговата Kатица Јанева на која заедно со корисниот ЕУ-измеќар (момок) Аиво Орав секој втор ден треба да и опињаат ударни витамински дози на групна дипломатска поддршка за да издржи.

Трпиме гледајќи како со сите средства сакаат да спречат да се открие инспираторот за државниот удар во Македонија, да се разоткрие идентитетот и дејанијата на заштитниот чадор под кој стојат, извршуваат наредби и тероризираат секакви локални гадинки, да се откријат сопствениците на фабриката за фалсификување државни идентификациски документи. Или си мисли дека нас и нашето достоинство и гордост ќе може да се газат така што ќе ни се одземе правото на непосредно гласање, а за изборниот победник ќе се одлучува коцкарски со „петка – глава“ паричка како во Ајова или со привилегирани посредни супер електори како во античка „демократска“ Атина. Или дека ќе се забошоти обидот за терористички масакр спречен во Бродец, па кај Смилковци или во „Дива Населба“ – сите платени со конкретна крв на индивидуи со интегритет, невиност и професионален кредибилитет, штом ќе се забрани новинарската слобода и ќе се уцени легално, законски, демократски и фер избрана власт.

Затоа и се радувам на отпочнатата американска вредносна револуција. Сакам да успее во интерес на иднината на планетава. Очекувам тврдо приземјување на пропадната милитантна империја чие мото е она на забеганата Хилари Kлинтон, кое го промовира по убиството на Моамер Гадафи, а е парафраза на Цезаровото „Дојдов, видов, (победив) мртов е!“

Мирка Велиновска за ДНЕВНИК