Алонсо e во болница, доживеа несреќа

Шпанскиот возач во Формула 1 Фернандо Алонсо доживеа несреќа за време на тестирањето во Барселона и моментално се наоѓа во болница, јавија шпанските медиуми.

Освојувачот на две шампионски титули излета од патеката во третиот свиок и удри во ѕид со брзина од 240 километри на час. Шпанецот по несреќата беше префрлен во медицинскиот центар, а потоа во болница.

alonso2-500

Мекларен соопшти дека Алонсо минал без повреди и потврди дека се наоѓа во болница и таму ќе остане поради претпазливост.

Инаку, новата сезона во Формула 1 стартува со Големата награда на Австралија на 15-ти март.