Алонсо: Гладен сум за победи, две титули не се доволни

Двократниот светски шампион во Формула 1, Шпанецот Фернандо Алонсо, истакна дека се уште е гладен за победи и дека две титули се премалку.

“Да ме прашаа пред десет години ќе кажев дека две шампионски титули се нешто што сум сонувал. Не ни сонував дека ќе бидам возач во Формула 1, дури не помислував и дека ќе освојам титула. Горд сум и среќен на мојата кариера. Но, ако ме прашувате во овој момент ќе кажам дека сум гладен за победи и успех и дека две шампионски титули не се доволни”, изјави Алонсо.