Алонсо и Хамилтон ќе бидат најплатените пилоти во 2014 година

Шпанецот Фернандо Алонсо (Ферари) и Британецот Луис Хамилтон ( Мерцедес) ќе бидат најплатените пилоти во Формула 1, годинава. Второпласираниот од минатата сезона Алонсо и четвртопласираниот Хамилтон ќе инкасираат по 20 милиони евара.

Веднаш зад нив на листата најплатени пилоти се најдоа Џенсон Батон (Мекларен)и четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел (Ред Бул) со 16 милиони евра годишно.

Во десете најплатани возачи во најбрзиот цирцус на денешницата место има уште за: Нико Розберг (11 милиони), Кими Раиконен со десет милиони, Фелипе Маса со четири милиони, Даниел Рикардо со 2,5 милиони, Серхио Перез со два милиони и Роман Грожан со 1,5 милиони евра.