Алонсо нема да вози на Бахреин

Возачот на Мекларен, Фернандо Алонсо, не доби дозвола да вози на претстојната трка за ГН на Бахреин. Лекарскиот тим на ФИА процени дека неговата здравствена состојба се уште не е на потребното ниво.

По големиот инцидент што го имаше на првата трка од сезоната во Австралија, тој се уште има одредени проблеми со дишењето. На негово место, во болидот на Мекларен ќе биде Штодел Вандорн, кој ќе дебитира на една официјална трка.

Исто така, 34-годишниот Алонсо повторно ќе треба да оди на сипитувања пред Кинеското Гранд При што треба да стартува за две недели.

Најавено е дека денес возачот на Мекларен ќе излезе на прес-конференција каде ќе даде појаснувања за лекарските наоди.

Инаку ова е втор пат во нешто повеќе од една година Алонсо да пропушти Гранд При поради здравствеи причини, тој во 2015-тата го пропушти отварањето на сезоната во Австралија по тешката несреќа за време на предсезонските тест-возења.