Алонсо незадоволен од новиот болид

Двократниот светски шампион во Формула 1, Шпанецот Фернандо Алонсо, истакана дека новиот Ф14 болид се уште не е на потребното ниво. Лоша вест за италијанскиот тим е и тоа што Мерцедес покажа дека има подобар болид за претстојаната сезона, која ќе стартува на 16 март со трката за ГН на Австралија во Мелбурн.

“Тимот направи се што може во подготвителниот период. На последните тестови во Бахреин требаше да направиме многу промени и да се тестираат нови делови . Вистина е дека не се насоѓаме таму каде што очекувавме. Очигледно е дека ќе треба да го развиваме болидот во текот на сезоната. Се уште ги немаме расчистено работите со новиот мотор. Има многу работи кои треба да се поправат за да бидеме конкурентни . Во Ферари сите сме многу мотивирани и верувам дека ќе се справиме со оваа тешка задача на десетина дена до почеток на сезаоната”, изјави Алонсо.
Последната титула за Ферари ја освои Финецот Кими Раиконен во 2007 година.