Алонсо се враќа за ГН на Малезија

Шпанскиот пилот Фернандо Алонсо доби дозвола од докторите да се врати во натпреварувањето во Формула 1, со што ќе може да настапи на следната трка за Големата награда на Малезија која ќе се вози на 29 март.

Двојниот светски првак имаше несреќа на 22 февруари, кога на последниот ден од тестирањата за новата сезона со својот болид удри во заштитен ѕид, при што се здоби со потрес на мозокот и одреден период имаше и амнезија.

Трката во Малезија, воедно, ќе биде деби за Алонсо во тимот на Мекларен Хонда каде се пресели по завршувањето на минатата сезона, а по пет години поминати во Ферари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.