Алтанџиева: Пописот нема директна врска со избирачкиот список

Пописот со избирачкиот список нема директна врска. Пописот се спроведува заради потребата на статистички податоци. Ова во синоќешната дебата на ТВ Нова го посочи Тања Алтанџиева, адвокат и поранешен член на ДИК.

Таа нагласува дека треба да се направи разлика меѓу државјани и жители на домицилното население.

Заради многу поставените дилеми и од страна на политички претставници и од страна на стручњаци, па дури и од страна на меѓународни претставници, дека не е возможно бројот на државјани, односно бројот на запишани избирачи да биде близу со бројот на државјани на Р. Македонија. Со една проста математичка операција на собирање на малолетното и полнолетното население се доаѓа до некои бројки коишто навистина се нелогични, меѓутоа тие не се одраз на материјалната вистина, заради тоа што избирачкиот список и базата на податоци во избирачкиот список ја црпи од книгата на државјани на Република Македонијатоп, изјави Алтанџиева.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.