Алтернатива на барокот- објектот „Папагал“, Жерновски и СДСМ со сопствена понуда

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски и СДСМ со сопствена понуда како алтернатива на барокот. Првиот човек на Општина Центар и најголемата опозициска партија со папагал архитектура против барок-стилот.

Граѓаните денеска останаа зачудени од новата архитектура во центарот на Скопје. Зградата во сите бои позната како ПАПАГАЛ го привлече вниманието на минувачите кои се незадоволни од ваквиот изглед на зградата, шишува „Курир“.

„Не ни се допаѓа воопшто, како велигденско јајце е. Како Битпазар да е, а не Центар, ова изгледа смешно. Навистина е грда“, реагираат дел од граѓаните на општината кои се крајно разочарани од ваквата постапка на Андреј Жерновски, кој се решил да ја префарба во сите бои.

Револтираните центарци коментираат дека со овој чекор нивната Општина е поразнобојна и од Шуто Оризари и од најурбана општина, станува општина за потсмев.

Дека жителите на Центар се во право, говори и податокот дека оваа папагал архитектура не се користи во модерно време. Со потегот на Жерновски, Општина Центар личи на Тирана во деведесеттите години, односно градоначалникот на Центар ја враќа општината повеќе од 20 години наназад, со стил кој повеќе не се користи во модерните и урбани средини, туку може да се забележи во селата од Холандските Антили или Индија.

Андреј Жерновски, наместо со реализација на капитални проекти кои ги вети во кампањата, како целосна гасификација на училиштето „Димитар Миладинов“ и изградбата на новата градинка и училиштето во Капиштец, тој бојадисува згради во сите можни бои, изјавувајќи дека дури и “не било лесно да се усогласат ставовите околу изборот на боите“.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека фарбањето на зградата “Папагал“ е неговиот прв проект, освен ако остранувањето на бандера не го смета за проект. Од таму велат дека зградата “Папагал“ е добра основа за споредба на фасадите кои се прават од страна на ВМРО-ДПМНЕ и промената на фасадите кои ги прави Жерновски.

„Ги повикуваме граѓаните да ја погледнат зградата Папагал и за момент да направат споредба со онаа на пример кај ресторанот „Пелистер“, но и за момент да замислат како би изгледало Скопје или Општина Центар ако се остави да се менуваат фасадите од страна на Жерновски. Она што нам ни се гледа како соодветно, е соодветноста на карактерот на Жерновски со стилот на зградата Папагал. Се друго на оваа зграда е посоодветно за стилот на Индија, отколку на европскиот класичен или современиот стил. Една српска народна изрека вели: „Све ми боје лепо стоје“. Како во политиката, така и во архитектурата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните на Општина Центар денеска останаа зачудени и разочарани од вкусот за архитектонски стилови и дизајн на Жерновски, неодобрувајќи ја неговата постапка и со оценка за папагал архитектурата како смешна и недостојна за нивната општина.