Алтернативниот туризам се поатрактивен

Се зголемува интересот кај странците за алтернативниот туризам во Македонија. Најчестите гости – Словенците, Германците и Холанѓаните, главно бараат прошетки по националните паркови и специјалитети од домашната кујна, но, тоа не е доволно. Како што велат туристичките работници, на понудата мора сериозно да се работи. Една од можностите во овој контекст е и прекуграничната соработка, пренесува МИА.

– Располагаме со огромен потенцијал за развој на алтернативниот туризам и тоа треба да се искористи. Освен специфичната кујна, типичната храна, виното, планинскиот велоспиедизам, пешачките тури, во „програмата“ веќе го вклучивме и нуркањето, а се размислува и за интензивирање на параглајдерството, истакнува Сашо Апостолоски, туристички работник од Охрид.

Особено атрактивен е селскиот тризам кој овозможува да се види се што е во радиус од неколку километри и за чие доживување не се губи многу време.

– Кај нас, конкретно, туристите веќе не доаѓаат само заради плажата. Треба да им „дадеме“ нешто повеќе од околината која „содржи“ многу. Типичен пример за ова е селото Елшани каде гостите јадат домашна храна подготвена на дрва или под сач, готват заедно со домаќините, јаваат на магариња, уживаат во природата, нагласува Апостолоски.

Според Гонце Јаковлеска од Македонската развојна фондација за претпријатија, факт е дека треба да се стори се за да се донесат странските туристи, но притоа никако не смее да се запостават домашните гости зашто токму тие можат да „претрчаат“ на два-три дена, викендашки, по некои од нашите атрактивни локации.

Битно е, потенцира, и домашните туристи да циркулираат внатре, во Македонија.

– Изминативе неколку години многу ги потценивме домашните туристи. Фокусирани сме на странците, а дел од алтернативните форми на туризам се густира за викенд. Младите генерации сакаат планински велосипедизам, пешачки тури, параглајдерство, незаборавно гатсрономско искуство. Мора да ги намамиме да бидат наши гости. Не може да очекуваме дека Холанѓаните ќе дојдат на два дена, но нашите сигурно би „претрчале“ во Вевчани, Куратица, Елшани,…, посочува Јаковлеска.

Праксата покажува дека се поголем е бројот на локалното население кое се охрабрува да се занимава со алтернативен туризам, па дури и да живее од оваа дејност. Јаковлеска смета дека во секој случај е важно, кон целиот концепт да се има интегриран пристап, во напорите за привлекување туристи да се вклучат сите засегнати страни.

– Голем дел од семејствата нудат традиционална храна, но зошо тоа да не го понудат и рестораните, да овозможат она што е карактерситично за регоионот, укажува Јаковлеска.

Алтернативниот туризам, вели, треба да се гледа како економска можност, опција за остварување основни или дополнителни приходи, услов луѓето да се задржат во својот регион, таму да најдат егзистенција, да основаат семејство.

Во рамки на проектот „Кон алтернативен туризам“ што го реализира  Македонската развојна фондација, креирана е понуда која опфаќа локации на двете страни од границата – Охрид, Струга, Вевчани и Дебарца од македонска и Поградец и Корча од албанска страна.

Проектот обезбедува помош и реализира обуки преку кои населнието се поттикнува да размислува претриемачки, да креира квалитетна, интересна понуда со конкурентни цени и да има соодветен пристап кон туристот.

Последните пет-шест години туризмот во Македонија бележи прогрес во секоја смисла. Заинтересирани за привлекување гости не се само луѓето од фелата или оние кои издаваат соби. – Кого и да застанат на улица, странците во Охрид ја добиваат потребната информација. Населението, генерално, поинаку се однесува, сфаќа дека од трузимот бенефит може да имаат сите, нагласува Апостолоски.

Заедничка е пораката на туристичките работници дека при реализирањето каков било туризам, особено алтернативен, треба да се повлече граница меѓу деградирањето на природата и уживањето. Средината мора да се зачува.