Алваро Мората достапен за 25 милиони фунти

Не само што потврдија дека се подготвени да се ослободат од услугите на младинскиот репрезентативец на Шпанија, Алваро Мората, раководните лица на најтрофејниот клуб во Примера дивизион, Реал (М) открија и колку бараат за обештетувањето на 21-годишниот напаѓач.

Близок извор до таборот на „кралскиот клуб” потврди дека на последниот состанок била договорена продажбата на малдиот напаѓач но под еден услов, заинтересираниот клуб да испрати официјална понуда не помала од 25 милиони фунти.

Валвото побарување може да биде проблем за раководните лица на Арсенал и на Интер кои до сега покажаа најголем интерес за услугите на Алваро Мората, но беа подготвени да одвојат околу 15 мил. евра за неговото обештетување.