Алваро Переира од Милано се сели во Москва

ЦСКА најверојатно следна десетинација на уругвајскиот интернационалец

Актуелниот шампион на Русија, тимот на ЦСКА од Москва најверојатно ќе биде следната дестинација на уругвајскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Интер, Алваро Переира.

Ако до пред неколку дена, лондонскиот премиерлигаш Тотенхем важеше за прв фаворит за потписот на 28-годишниот десен бек, сега тоа е актуелниот шампион на Русија.

Најавениот трансфер може да стане реалност доколку двата клуба најдат заеднички јазик околу обештетувањето кое сигурно нема да биде поголемо од 15 милиони евра.