Спорт

Алвеш: Шпанија е фаворит број еден

Алвеш: Шпанија е фаворит број еден

И офанзивниот бек на фудбалската репрезентација на Бразил, Дани Алвеш е убеден дека актуелниот бранител на тронот, селекцијата на Шпанија важи за најголем фаворит кога е во прашање победничкиот пехар на престојниот Мундијал.

„Таа репрезентација која го брани победничкиот трон, во овој случај репрезентацијата на Шпанија, сосема нормално ја има и улогата на најголем фаворит. Јас сум голем фан на репрезентацијата на Шпанија. Исто така, многу ја почитувам и Германија, тим составен од многу добри фудбалери. Аргентина има фантастичен напад, а во групата на фаворити ќе го вбројам и домаќинот, репрезентацијата на Бразил која игра на домашен терен, пред верните фанови. Фановите се со Бразил, а ние фудбалерите сме со најверните фанови”, изјави фудбалерот на каталонскиот гигант Барселона.