Спорт

Алвеш сонува финале Бразил – Аргентина

Алвеш сонува финале Бразил – Аргентина

Репрезентативецот на Бразил и стандарден првотимец во дресот на каталонскиот гигант Барселона, Дани Алвеш откри која репрезентација ја сака за противник во финалниот натпревар од престојниот Мундијал кој ќе стартува на 12 јуни.

„Го сонувам финалниот натпревар, сонувам дуел помеѓу репрезентациите на Бразил и Аргентина. Веќе разговарав со мојот тимски колега Лионел Меси. И тој ми кажа дека има таков сон, сонува како репрезентацијата на Аргентина игра против селекцијата на Бразил. Сепак, јас немам само еден сон. Сонувам како мојата репрезентација е дел од финалниот натпревар и како ја освојува светската титула. Привилегија е да се носи репрезентативниот дрес на Бразил, привилегија е да се биде репрезентативен колега со овие фудбалери. Имаме совршена дружба на зелениот терен и надвот од фудбалскиот стадион. Се надевам дека ќе ја направиме потребната разлика. Убеден сум дека ќе имаме голем успех”, изјави офанзивниот десен бек.