Алжирец планирал напади врз Ајефловата кула и Лувр

Младиот Алжирец Али М. кој веќе пет години живее во Франција планирал напад врз Ајфеловата кула и музејот Лувр во Париз, тврди францускиот дневен весник „Паризиен“.

Тој се наоѓа во затвор од пред една година, кога бил уапсен додека се подготвувал да замине во „џихад“ на југот од Алжир. Разменувал шифрирани пораки со лидер на исламистичка милитантна група во кои се сугерирани можни цели за напад, како музејот Лувр, Ајфеловата кула, Фестивалот во Авињон, барови, дискотеки, нуклеарни централи.

Адвокатот на Алжирецот, Дафне Пуглиеси во изјава за „Паризиен“ го опишува својот клиент како „младо и слабо лице, жртва на вистинска идоктринација“. Весникот објаснува дека истражните органи со внимание ги чекаат неговите објаснувања за разменетите пораки.

Истражниот антитерористички судија Марк Тредевик посебно стравува од профилите на џихадистите кои се враќаат од Сирија, но според него „главната закана“ за Франција останува групата Ал Каида на исламскиот Магреб. Оваа терористичка организација ја смета Франција за нејзин „непријател број 1“.

Во меѓу време, изутринава француската Влада презентрираше нацрт-законот кој има за цел да ја засили борбата против тероризмот.