Амбасадата на САД ја осуди изјавата на Рама за обединување на Албанија и Косово

Амбасадата на САД во Тирана изрази во средата разочарување од изјавата на албанскиот премиер Еди Рама, кој повод десетгодишнината од прогалсувањето на независноста на Косово за заедничко претседателство на Косово и Албанија.

„Амбасадата на САД е разочарана од изјавата на премиерот Еди Рама за Косово и Албанија по повод 10-годишнината од косовската независност. Невнимателната реторика со која се алудира на обединување не е од помош и е на штета на односите на Албанија со соседите“, се наведува во пораката објавена на официјалната страница на американската амбасада на Twitter.

Во пораката амбасадата повикува лидерите да бидат добри со своите соседи и да се дистанцираат од реторика од минатото што создава поделби.

Рама во неделата во Приштина рече дека Албанија и Косово би можеле да имаат заеднички претседател и заедничка надворешна политика.

„Зошто да нема дури и еден претседател како симбол на националното единство и заедничката национална безбедносна политика“, рече Рама на свечената седница на косовското Собрание по повод десетгодишнината од независноста на Косово

Неговата изјава наиде на остри реакции во јавноста и осуда и од Европската унија, а Рама потоа рече дека изјавата наводно била извадена од контекст и станувало збор само за негова фантазија.