Амбасадата на САД со загриженост го следи случајот со Заев

Амбасадата на САД во Република Македонија со загриженост го следи кривичниот случај против лидерот на опозицијата Зоран Заев и апсењето на три други лица за наводен обид за загрозување на уставниот поредок, соопшти денеска Американската амбасада во Република Македонија.

– Ги повикуваме властите да ги задоволат највисоките стандарди на правната држава, транспарентноста, принципиелноста, заштитата на слободата на говорот, како и судската независност во текот на процесот, за да се осигура интегритетот на демократските процеси во Македонија, стои во соопштението од Амбасадата на САД.