Амбасадата на САД во Кина ги предупреди вработените да не излегуват кога врне

Амбасадата на САД во Кина ги предупреди вработените да не излегуват кога врне
Амбасадата на САД во Кина ги предупреди вработените да не излегуват кога врне

Вработените во американската амбасада во Кина добија препораки да не излегуваат кога врне со цел да избегнат контакт со отровните материи, што истекоа во околината по експлозијата во Тјанцин на 12 август.

Во најскоро време се очекуваат дождови, избегнувајте секаков контакт на кожата со дождот. Ако дождот ви ја наврне облеката, соблечете ја и најбрзо истуширајте се“, се наведува во писмото испратено до вработените во Амбадата на САД во Кина.

Во зоната на несреќата во Кина откриен е натриум цијанид, што ќе биде остранет до крајот на денот.
Во зоната на несреќата во Кина откриен е натриум цијанид, што ќе биде остранет до крајот на денот.

Земеник-градоначакникот на Тјанцин, Хе Шушан денеска изјави дека во зоната на несреќата откриен е натриум цијанид, што ќе биде остранет до крајот на денот. Загадувањето со отровни материи може да се прошири ако заврне дожд, а метеоролозите прогнозираат врнежи во текот на ноќта.

Во реонот се наоѓаат вкупно 700 тони натриум цијанид, од кој поголем дел е во сигурна амбалажа – наведуваат локалните власти.

Бројот на жртвите во експлозиите во магацин за хемиски материи се искачи до 114 луѓе, а 70 се водат како исчезнати, а приближно 700 се повредени.

Нова експлозија во кинеското пристаниште Тјанцин

Нова експлозија во кинеското пристаниште Тјанцин
Нова експлозија во кинеското пристаниште Тјанцин

Нова силна експлозија се случи утринава во близина на магацин во северното кинеско пристаниште Тјанцин, каде минатата недела во серија експлозии животот го загубија 114 лица, а 70 се исчезнати, јави кинеската државна телевизија.

Во соопштението се наведува дека по новата експлозија се кренал бел чад. Објавена е наредба за евакуација.

Во гаснењето на пожарот во индустриската зона Тјанцин учествуваат над 1.000 пожарникари и околу 1.500 војници.

Спасувачките екипи вчера пронајдоа уште десет тела на загинати во експлозиите, што се случија на 12 август. Меѓу исчезнатите се неколку десетина пожарникари.

Кинеското Министерство за заштита на животната средина објави дека на местото на несреќата се пронајдени цијанид и други опасни токсични хемикалии, пренесува ТАСС.

Според кинеското министерство нивото на цијанид е осум пати над дозволеното ниво во една од канализациските цевки во погодената област. Државната телевизија објави дека 698 лица се задржани во болница по експлозијата.