Амбасадите на САД во Софија и Скопје го поздравија договорот меѓу Македонија и Бугарија

Амбасадите на Соединетите држави во Бугарија и Македонија во четвртокот во заедничко соопштение го поздравија прифаќањето на договорот за пријателство меѓу двете земји, кој, како што се вели, претставува „историскиот чекор“ во односите меи Скопје и Софија.

Во соопштението објавено на интернет страницата на амбасадата на САД во Софија се вели дека договорот ги потврдува тесните врски помеѓу двете земји и демонстрира добра волја од страна на државите да ја зајакнат соработката во интерес на своите граѓани.

„Овој ангажман претставува охрабрувачки пример за решавање на спорните прашања меѓу соседите и за зајакнување на политичката стабилност и зајакнување на економскиот развој на Западен Балкан. Ги поздравуваме Бугарија и Македонија за овој историски, прогресивен чекор“, се вели во соопштението.